Убавото време што го предвидуваат метеоролозите, како и продолжениот викенд одат во прилог на очекувањата на охридските туристички работници за добра посетеност на Охрид за престојните првомајски и велигденски празници. Туристичките агенции во градот очекуваат задоволителна посетеност, а најбројни и овојпат ќе бидат домашните гости, како и туристите од земјите од опкружувањето, иако ќе има и гости од европските држави. Најбројни и овојпат се очекува да бидат гостите од Србија, Албанија, Грција и Црна Гора, од Турција. Традиционално интерес за посета на Охрид постои и во Бугарија иако кога станува збор за туристите од нашиот источен сосед туроепраторите кои ја нудат Македонија и Охрид за празниците бележат релативно слаба заинтересираност на бугарските гости за нивните аранжмани.
Убавото време што го предвидуваат метеоролозите, како и продолжениот викенд одат во прилог на очекувањата на охридските туристички работници за добра посетеност на Охрид за престојните првомајски и велигденски празници.
Туристичките агенции во градот очекуваат задоволителна посетеност, а најбројни и овојпат ќе бидат домашните гости, како и туристите од земјите од опкружувањето, иако ќе има и гости од европските држави. Најбројни и овојпат се очекува да бидат гостите од Србија, Албанија, Грција и Црна Гора, од Турција. Традиционално интерес за посета на Охрид постои и во Бугарија иако кога станува збор за туристите од нашиот источен сосед туроепраторите кои ја нудат Македонија и Охрид за празниците бележат релативно слаба заинтересираност на бугарските гости за нивните аранжмани.
Охридските хотелиери се оптимистички расположени дека поради продолжениот викенд оваа година посетеноста ќе биде подобра во споредба со претходно, за што потврда се веќе примените резервации.
Кога станува збор за организираните посети на Охрид, последните информации од хотелите на Охридската ривиера покажуваат дека нивната исполнетост засега се движи некаде околу 50% што значи дека останува да се надеваат на гости кои во последен миг ќе се решат празниците да ги минат во Охрид. Слична е и состојбата со приватните станоиздавачи, каде нема најави за особен интерес за претстојните празници. На охридскиот аеродром во петокот пристигна првата тура туристи од Холандија, кои тука ќе се одмараат преку аранжманите на туроператорот ТУИ Аркефлај". Заедно со туроператорот Корендон", двете агенции во текот на летната туристичка сезона ќе реализираат вкупно 114 чартер-лета со туристи од државните на Бенелукс, при што се очекува во сезоната 2013 на Охридската ривиера да летуваат околу 20 илјади холандски туристи.